Мажите паѓаат на круши, жените на мошус: Кој парфем ве возбудува и ве прави заводливи?

„Нанесете го парфемот каде сакате некој да ве бакне“, рече познатата Коко Шанел.

Парфемите делуваат како феромони, хормони кои, иако без мирис, предизвикуваат привлечност. Затоа, многу козметички компании нудат машки и женски парфеми со феромони, кои се на врвот на омилени парфеми.

Според интернет- анкетата, „Еуфорија“ на Калвин Клајн е омилениот парфем број еден на мажите кога се во прашање жените, достапен и во „богата секс“ варијанта, а ѓените го обожаваат машкиот парфем на „Лакоста Есенцијал“.

Повеќето мажи признаваат дека мирисите можат да ги намамат или да ги избркаат за една секунда и претпочитаат слатки, овошни, декадентни и богати мириси што нудат спомени или обезбедуваат чувство на сигурност. Само едно прснување на одреден парфем може повеќе да предизвика повеќе емоции отколку фотографии.

Некои од нив се мириси на ванила, портокал, круша, лаванда или егзотично дрво, но повеќето мажи всушност претпочитаат едноставни природни мириси.

Жените претпочитаат машки колонски води, лесни и освежувачки, со ноти од ванила, пеперминт, пачули, јасмин...

Бидејќи мошусот е сличен на машките феромони, жените едноставно ќе полудат за колонската вода што ја содржи оваа состојка.

ТОП 5 ПЕРФЕМИ КОИ ГИ ОБОЖАВААТ МАЖИТЕ НА ЖЕНИТЕ:

1. CALVIN KLEIN EUPHORIA

- парфем со ноти од шипинка, јаболка, лотос и црна орхидеја

2. DKNY BE DELICIOUS

- овошната арома содржи ноти на јаболка, егзотични цвеќиња и дрво

3. D&G LIGHT BLUE

- Цветно-овошен мирис со влажни ноти на вар и кипарис

4. AQUOLINA PINK SUGAR

- „разиграна“ мешавина од ванила, карамела, малина и мошус

5. DIOR MISS DIOR CHERIE

- Поради мошусот е заводлив и свеж и содржи арома на портокал

ТОП 5 ПЕРФЕМИ КОИ ГИ ОБОЖАВААТ ЖЕНИТЕ КАЈ МАЖИТЕ:

1. LACOSTE ESSENTIAL

- освежувачка колонска вода со ноти на лисја од цитрус и домати

2. CALVIN KLEIN OBSESSION

- воздушен и ориентален мирис со ноти на ретко дрво и зачини

3. CALVIN KLEIN ETERNITY

- Свеж, секси мирис кој содржи ноти на мандарина, лаванда и сандалово дрво

4. RALF LAUREN POLO

- Класична, сензуална вода со ноти на пачули, мајчина душица и коријандер

5. CARTIER DECLARATION

- елегантна и рафинирана вода што содржи ноти на јасмин, ким и цимет