Спорт // Спорт
Мбапе нема договор со ПСЖ и Реал Мадрид, но поблиску е до одлуката каде следната сезона
„Ле Паризиен“ со назнака „ексклузивно“ најави дека Килијан Мбапе се договорил да ја продолжи соработката со ПСЖ, наводно договорот е на нови две сезони, со можност на три, но се огласи мајката на францускиот репрезентативец.
„Немаме договор. Засега ситуацијата е таква што ние немаме договор ниту со ПСЖ, ниту со кој било друг клуб (Реал Мадрид) “ – изјави Фајза Ламари, мајката на Мбапе.
Според најавите на „Ле Паризиен“, ПСЖ му понудил 50 милиони годишна плата, на ова ќе има неверојатни бонуси во висина до 100 милиони во зависност од „статистиката“ на Мбапе.
Инаку договорот на Мбапе завршува во јуни, тој е слободен играч, за него има неверојатен интерес, Реал Мадрид е наводно најблиску до договор, доколку Французинот не се договори со ПСЖ.