McLaren 720S GT3X: Нов тркачки модел кој со цената ги руши границите (ВИДЕО)

Мекларен штотуку претстави нова верзија на својот тркачки модел 720S GT3, кој не е ограничен со правилата и прописите на трките со GT3

Запознајте го McLaren 720S GT3X,ултимативна тркачка алатка која собира 200 коњски сили повеќе од оригиналот на кој се заснова и исто така добива седиште за совозачкото место. Телото на моделот GT3X е слично на тркачката варијанта, така што содржи масивни аеродинамички компоненти, вклучувајќи нови канали и продолжен сплитер напред, што заедно со огромното задно крило генерираат оптимална мерка на потисна сила. GT3X е опремен и со истата поставка за суспензија како и оригиналот. Сепак, неговите сопирачки се освежени и подобрени, за да можат да се справат со дополнителни 200 коњски сили. 

Во внатрешноста на автомобилот, ќе забележите дека неговата кабина е целосно гола, и дека содржи минимална количина детали и компоненти, секако над основната удобност. Сепак, за разлика од GT3 тркачкиот модел, GT3X доаѓа со изборно седиште за совозачот, поради што Мекларен мораше да вметне ревидирана шипка. 

GT3X работи со ист четирилитарски V8 мотор со дво-турбо полнач кој се крие под хаубата на оригиналниот тркачки модел, но му се дадени поголеми турбо и колектори за да се зголеми својата моќ. Моторот произведува 710 КС, кој може привремено да се зголеми на 740 КС со активирање на системот push-to-pass. 

Секој од овие единици е рачно изработен и опремен со напреден систем за ладење, кој ќе се грижи за таа дополнителна моќност. Мекларен сè уште не ја објави цената на својата новина, но веб-страницата на брендот им дава можност на потенцијалните купувачи да се регистрираат, доколку се заинтересирани. Имајќи го предвид фактот дека оригиналниот тркачки GT3 чини 564.000 американски долари, веруваме дека за новиот модел ќе бидат потребни многу повеќе од половина милион долари.



Фото: Luxury Launches

Видео: Youtube