Mclaren со најмоќниот кабриолет досега
Мекларен конечно го претстави својот најмоќен отворен суперавтомобил...
Станува збор за McLaren 765LT Spider, базиран на неверојатно брзиот модел 765LT. Верзијата „Спајдер“ ја следи истата, купе формула, фокусирана на трката, додека единствената разлика е претставена во форма на кабриолет покрив од едно парче, кој може да се подигне или спушти за 11 секунди и може да се управува со брзина нагоре до 50 километри на час.
Кога станува збор за дизајнот, 765LT Spider изгледа речиси идентично со купе опцијатата, особено кога покривот е спуштен. Мекларен вели дека моделот кабриолет има исто ниво на структурна ригидност и аеродинамични перформанси како и купето. Суперавтомобилот фокусиран на трки доби сопствен систем за суспензија, заедно со тркала со десет краци кои добија гуми Pirelli P Zero Trofeo R, поголеми сопирачки и титаниумски издувен систем со четири масивни цевки зад себе.
Под хаубата, се наоѓа сигурниот 4.0-литарски V8 мотор со двоен турбо на Мекларен, кој произведува 765 коњски сили, и кој е поврзан со седумстепен менувач со двојна спојка, кој ја испраќа целата моќност на задната оска.
Мекларен тврди дека 765LT Spider може да забрза од нула до сто километри на час за само 2,8 секунди, додека неговата максимална брзина е 330 километри на час. Супер автомобил со кабриолет поминува четвртина милја за само десет секунди.
Како што дознаваме, Мекларен ќе произведе 765 примероци од овој модел, чија цена ќе изнесува 382.500 долари.