Ме боли душата, празна е: Александра Шијакоска повторно хоспитализирана
Повторно се огласи на Инстаграм, каде што откри дека е повторно хоспилизирана и дека опоравувањето не течело онака како што се надевала.
За жал. судбината имала други планови.
Пред крајот на месец февруари, една од најпознатите македонски инфлуенсерки, Александра Шијакоска ги растажи своите обожаватели откако откри дека ѝ е откриен тумор на главата. На една недела откако го прослави 29-от роденден таа се оперираше, а неколку дена по операцијата сподели фотографии преку кои откри дека операцијата поминала добро и дека сега следува закрепнувањето.
По ова следуваше и емотивно видео од првите денови по операцијата, за потоа да сподели убави вести дека опоравувањето тече добро и дека е помеѓу најблиските.
„Погодете кој е хоспитализиран повторно? Опоравувањето не одеше по планот и еве ме пак тука“ - напиша на првото стори инфлуенсерката, а потоа додаде:
„Многу ми е тешко да се навикнам на новата беспомошна и психичка нестабилна јас. Никако не можам да ја прифатам ова ситуација. Ме боли душата. Празна ми е. Како огромна дупка. Ќе го чекам тој сончев, среќен и убав ден со последните сили ако треба. Ќе чекам“.
фото: Принскрин / Инстаграм