Ментално пореметување е прекумерното купување преку Интернет: Стручњаците децидни
Зависноста од купување преку Интернет треба да се препознае како вистинско ментално нарушување, велат експертите и тврдат дека оваа зависност има големо влијание врз човечкиот ум.
Иако зависноста од купување е одамна призната, таа денес има прилично поинакво значење и обем. Сега, тоа влијае на еден од дваесет луѓе, според „Дејли мејл“. Неодамнешните истражувања покажаа дека уживањето во трошење пари и кај мажи и кај жени преку Интернет може да доведе до непотребно акумулирање на нештата, влегување во долгови, како и губење на самоконтрола и чести расправии со најблиските.
„Навистина е време да се препознае прекумерното купување на Интернет како закана за менталното здравје и менталното нарушување и да се едуцираат луѓето за сите негативни аспекти“, рече д-р Астрид Милер.
Во една студија што таа и нејзиниот тим јаспровеле на 122 пациенти, дошле до заклучок дека зависниците кои купуваат преку Интернет имаат поголема веројатност да страдаат од депресија и анксиозност. Резултатите од нивните истражувања се објавени во списанието “Сеопфатна психологија„, а експертите се надеваат дека нивната работа ќе ги инспирира другите да го истражуваат теренот подлабоко и сеопфатно.
Тие исто така имаат објаснување зошто овој феномен се јавува сè почесто.
„Импулсивното купување се должи на надворешните фактори како што се продажбата или убавите реклами“, објасни финансискиот советник Кери Ратл.
Покрај тоа, тие се привлечени од зголемениот број на онлајн продавници, сè попристапните апликации што се прифатливи за купување, како и испораката до домашни врати. Поради сето ова, велат експертите, расте бројот на млади луѓе кои стануваат зависници, заробени во своите домови или со компјутерите и телефоните, без можност да прошетаат и да ги видат на лице место производите.