Мерцедес го претстави новиот систем за автономно паркирање
Мерцедес компанијата ни овозможува да се чувствуваме како веќе да живееме во иднината...
Сонот на сите
возачи е да не мора никогаш повеќе да се паркираат и дека возилата тоа сами ќе
можат да го направат место нив. Мерцедес не само што успеа тоа да го оствари,
туку им овозможи на возачите воопшто да не бараат паркинг место, туку самиот
автомобил ќе го направи тоа.
Станува збор за најновата паркинг технологија која е применета во Мецедес музејот во Германија. Во паркинг гаражата на музејот, се поставени посебни системи кои се поврзуваат со Мерцедес возилата. Доволно е само со вашето возило да стигнете до посебно место во гаражата и преку апликација да дадете команда дека вашето возило треба да пронајде паркинг место. Тогаш вашиот автомобил сам ќе направи се, а вие подоцна со помош на истата апликација можете да го повикате да дојде до вас, без да го барате по поаркингот.
Од Мецедес велат дека оваа технологија се уште е во развој, но за неколку години ќе биде достапна за сите Мерцедес возила и дека ќе донесе вистинска револуција во автомобилската индустрија.
Погледнете го видеото: