Мерцедес разви нов систем на Фромула 1
За жал, тој ќе биде укинат следната сезона поради промена на правилото во Ф1 ...
На тестирањата во Каталонија, сите можеа да видат дека Ботас и Хамилтон имаат опција да го приближуваат и оддалечуваат воланот, што ги изненади сите. По тестирањето, тимот на Мерцедес Ф1 откри за што станува збор. Тоа е всушност посебен систем, кој му дозволува на возачот да го прилагоди аголот на предните гуми на основата.
Ова им овозможува на возачите да ја зголемуваат и намалуваат влечната сила во одредени периоди и на тој начин да одлучат дали сакаат да се фокусираат на зафат или на заштита и чување на пневматиците. Системот во моментов е во сопственост само на Мерцедес и други екипи веќе почнаа да поднесуваат поплаки против него, меѓутоа Мерцедес дозволи да го користи оваа сезона.
Но, од следната година, кога сите екипи ќе имаат ист буџет и кога правилата ќе бидат ригорозни, Мерцедес ќе мора повторно да го дизајнира новиот автомобил и да го исфрли овој систем. Сепак, возачите и членовите на тимот се надеваат дека оваа опција ќе донесе можност полесно да го контролираат возилото, диктирајќи го темпото на трката подобро и побргу да победат.