Месечен хороскоп за ФЕВРУАРИ: Љубоморни сцени и кавги, но и проблеми од минатото
Овен
Во февруари Овните ги очекува мирен и стабилен период во љубовта. Конечно ги средија односите со партнерот и може да се опуштат. Би ви годело да одите на заедничко патување, па доколку имате можност за такво нешто, искористете го. Сега е време да ги распламетите сите страсти и да уживате во заедничкото време. Оставете ги проблемите настрана и пробајте да се фокусирате на добрите страни на саканата личност. Многу Овни ги мачат проблеми од минатото, но кон крајот на месецот, многу работи ќе се искристализираат и конечно ќе се решат. Слободните Овни ќе имаат можност да запознаат личност која работи во странство. Доколку сте подготвени за врска на далечина, пружете шанса.
Бик
Биковите во февруари ги очекува период полн со изненадувања на љубовен план. Зафатени ќе посветат многу внимание на партнерот и неговите потреби и ќе направат да биде задоволен. Сепак, ни тоа нема да биде доволно, бидејќи ќе има кавги барем еднаш неделно. Доколку не ги решите проблемите од минатото, вашата врска може да биде во криза. Пред крајот на месецот ситуацијата ќе се стабилизира, но само под услов редовно да разговарате за она што ве мачи и да избегнувате длабоки расправии. Слободните Бикови ќе уживаат во забаватите со пријателите, но се уште не се подготвени за сериозна врска.
Близнаци
Блзинаците во февруари ќе имаат можност со својот партнер да разговараат за иднината. Можно е планирање на венчавка или почеток на заеднички живот. Сигурни сте во себе и своите одлуки и сакате да и удоволите на саканата личност. Можно е да купите и заедничка недвижнина. Многу Близнаци овој месец ќе сакат да поработат на односите со семејството и пријателите. Ќе имате време за нив и сега е вистинско време да бидете сите заедно. Слободните Близнаци ќе влезат во романтичен однос со личност која ја познаваат од порано. Врските кои ќе ги започнете во февруари може да бидат долги и квалитетни.
Рак
Зафатените Ракови овој месец ќе се фокусираат на себе, многу повеќе отколку на партнерот, што може да доведе до заладување на односите. Важно е на партнерот да му објасните поради што понекогаш сакате да се осамите и зошто ви е потребно да бидете надвор од дома. Слободните Ракови се уште не се подготвени да влезат во сериозна врска, но кон половината на месецот ќе се појави личност која ќе им се допадне многу.