Спорт // Спорт
Михајловиќ повторно ја победи леукемијата, се враќа на кормилото на Болоња
Синиша Михајловиќ по 34 дена минати во болница се враќа на кормилото на Болоња, Србинот ја напушти болницата во која повторно се бореше со леукемијата, и повторно на задоволство на спортскиот и пред сè фудбалски свет ја победи опасната болест.
Михајловиќ според медиумите од Италија, повторно на клупата на Болоња ќе седне на мечот со Венеција.
Србинот во меѓувреме ги минува деновите за одмор со своето семејство во Рим.
На Михајловиќ првпат му беше дијагностицирана леукемија пред три години, борба траеше долго.