Милевски: Престрого досуден црвен картон, заслуживме најмалку бод од овој натпревар

Македонија загуби од Бугарија во Скопје, пораз со 1-0, решавачки беше голот на Десподов во 50 минута.

Клучен момент претходеше на водството на Бугарија во 14 минута, директен црвен картон за Тодороски.

Благоја Милевски на прес конференцијата со свое видување.

„Заслуживме бод, престрого беше досуден црвен картон, а не сакам да го коментирам судењето, но ова беше строга одлука. Според мене, од сè што се случуваше на теренот, задоволен сум од играчите, од одговорот по црвениот картон, во овие момци има потенцијал, ние сме во транзиција. Индивидуални грешки има, не можеме да влијаеме, но кога играте со играч помалку е тешко, особено кога ќе добиете црвен картон во рана фаза“, рече Милевски.