Милош Биковиќ во Скопје: „И на небо и на земја- зависи со кого си“

Играниот филм „Предизвик“ (The Challenge) е долгометражен руски филм снимен во вселената, на Меѓународната вселенска станица, на 400 километри над површината на земјата. Странските, западни медиуми веќе многу пишуваа за филмот, што само по себе е предизвик поради фактот што првиот кинематолошки проект е снимен во вселената, бидејќи сите љубители на филмот со нетрпение очекуваа да видат како е направено.

Веднаш стана сензација на големото платно по прикажувањето, доби одлични критики од публиката, како и од критичарите. Како целосна вселенска драма, филмот е совршен спој на реалистична снимка во документарен стил и воодушевувачки слики. Во режија е на Клим Шипенко, заеднички проект на вселенската агенција Роскосмос и врвната руска ТВ мрежа Канал 1. Според информациите, повеќето од секвенците на филмот, снимени во рускиот модул на Меѓународната вселенска станица (ISS), се пореални од кога било досега. Буџетот на филмот е милијарда и 155 милиони долари, што го прави најскапиот до сега.

Во филмот се појавуваат неколку супер талентирани актери и актерки од руската филмска индустрија и се зборува на руски јазик. Јулија Перезилд, србинот Милош Биковиќ и Владимир Машков се во главните улоги. 

Наведен како вселенска драма, „Предизвик“ ја „победи“ претстојната акциона драма на Том Круз, која ќе биде објавена во 2024 година. 

Филмот ја раскажува приказната за доктор- хирург која мора да изврши операција на срцето на болен космонаут во вселената бидејќи не може да се врати на Земјата на лекување...

И нема да ви го раскажеме филмот затоа што треба сами да го изгледате и да процените. Ние го гледавме на премиерата вчера која се случи во Скопје и на која беше популарниот Милош Биковиќ. Имавме можност да поразговараме со него околу филмот.

Првата забележителна улога му беше во телевизиската серија Stižu dolari (2004-2005), каде што го играше Небојша, улогата му донесе голема популарност. Тој одигра забележителна улога во серијата Бела лаѓа (2006 — 2011), а најголемата популарност ја стекна во филмот Монтевидео, бог те виде! режисерското деби на српскиот актер Драган Бјелогрлиќ. Друга значајна главна улога е во филмот/серијата „Кога љубовта доцни/Само во брак“. Но во облаците и како еден од најдобрите европски па и светски актери најмногу се прослави во руската кинематографија, во филмот „Сунчаница“ во режија на Никита Михалков. Тој исто така глумеше во филмот Јужен ветер. 

Токму е популарен во Русија што постојано се пишува за него и неговиот живот. Соработува со познати актери како Бред Пит, Шерон Стоун, Памела Андерсон... Има армија од обожаватели на социјалните мрежи и е вистина супер- ѕвезда.

И одма на почеток да кажеме за припадничките на понежниот пол дека во живо изледа послабо отколку на екраните, висок е и има некоја посебна енергија.

Mногу е горд на фактот што е актер во проект кој ќе влезе во аналите на светската кинематографија. 

- Навистина го поминав тренингот, а најинтересен ми беше слободниот пад на авионот од 9.000 метри. Порано мислев дека влегуваш во соба и лебдиш во неа како во вселената, но погрешно погодив. Имавме 23 секунди да снимиме во авионот што ќе се види во кадарот и така десет пати до ручекот. Имаше огромен тим од 80 луѓе на теренот за време на снимањето и конечно ја комбинирам работата на секој оддел во еден филм, а во вселената морав се да правам сам, со мене беше главната актерка покрај астронаутите“.

„Моравме да решиме многу работи однапред, обично астронаутите се обучуваат десет години, а вселенските туристи една година. Руската вселенска агенција виде шанса да направи уште еден експеримент, да не подготви за вселената за четири месеци, и тоа е прв пат во историјата луѓето да се подготвуваат само четири месеци пред поаѓањето“

Инаку, Биковиќ додаде дека се обиделе да ѝ покажат на публиката како е навистина во вселената, бидејќи кога гледате холивудски филм, секако знаете дека тоа што го гледате не е снимено таму. Но, ова е уникатен случај и е првиот филм снимен во вселената. 

Го прашавме за комерцијалниот успех на филмот затоа што веќе има заработено скоро колку и се вложило. Но и дека се' уште е непредвидливо, затоа што филмот е нов. Од комерцијална гледна точка, кој би бил најголемиот ризик?

- Многу добро прашање. Се работи за многу скап проект. Велат дека додека филмот не се изгледа, се' е неизвесно. Можеби должината на филмот. Трае два часа и 40 минути. Сепак предолго, но во ниту еден момент не се чувствува досада затоа што е толку напнато и исполнето до драматични сцени, барем така вели публиката. Главно, ризиците се проценуваат претходно, но никој со точност не може да предвиди- вели Биковиќ.

Бидејќи во филмот е постојано во бестежинска состојба, ни на небо ни на земја што се вели, тоа го окарактеризирува како едно незаборавно искуство, но и опасно. На симулациите изведени во посебни простории во кои се создава бестежинска состојба може да се случат и ризици во поглед на здравјето. Иако Биковиќ бил подготвуван со месеци за улогата, сепак во одреден момент кога „летате“ поради притисокот може мозокот да „екслодира, па крајно се внимавало на тоа.

И цело време во филмот тој е или на земја или над земја во облаци, над облаци, па го прашавме за крај каде е подобро- на земја, во воздух или пак без воздух. Се мислеше подолго време како да одговори, но поентира:

-Зависи со кого си!

Небојша Толески