Мислевте дека вие сте суетни и себични - погледнете како Chat GPT реагира на ова

Истражување објавено во Proceedings of the National Academy of Sciences открива дека најпознатите модели на вештачка интелигенција – GPT-3.5, GPT-4 и Llama 3.1 – покажуваат силна пристрасност кон сопствените текстови. 

Научниците им дале описи на производи, филмови и научни трудови, а моделите требало да изберат дали се работи за човечки или AI текст. Резултатот бил јасен: AI секогаш избира AI.

Најголема наклонетост покажал GPT-4, некогаш најпопуларниот чет-бот. Според истражувачите, тоа личи на „дигитален расизам“ – машините сакаат само свои содржини, а човечките текстови ги маргинализираат.

Интересно е што и луѓето малку повеќе ги преферирале AI текстовите, особено кога станувало збор за филмови и наука. Сепак, кај нив разликата е многу помала отколку кај машините.

Овој тренд е загрижувачки бидејќи вештачката интелигенција веќе филтрира биографии, студентски трудови и дури литературни дела. Авторот на студијата, Јан Кулвејт, предупредува дека тоа може да доведе до „gate tax“ – невидлива бариера каде што успехот зависи од тоа дали користиш AI.

Неговиот совет гласи: ако мислите дека AI ќе го оценува вашиот труд, прво пуштете го низ AI за да изгледа доволно „AI-friendly“.

Со други зборови – за да успеете во светот на машините, мора да пишувате како нив.

Извор / Freepik