Мистеријата на 35- та паралела: Научниците откриваат зошто смртноста од коронавирусот во сите држави јужно од оваа точка е драматично пониска отколку на север
Развојот на болеста зависи и од географската локација. Земјите што лежат под 35-та паралела имаат ниска стапка на смртност во однос на оние лоцирани на северот
За време на пандемијата на коронавирус, се покажа дека постојат големи разлики во смртноста и бројот на сериозно болни пациенти меѓу земјите. Се зборува за различни видови наовој вирус, задоцнети мерки за да се спречи ширењето на болеста, но се чини дека нешто зависи и од географската локација.
Имено, земјите во јужната хемисфера имаат релативно ниска стапка на смртност. Некои ќе речат дека причината е тоа што вирусот последователно се шири во овие земји, но како што одминува времето, така аргументот за оваа теорија станува „тенок“. Научниците др. Џонатан Родос и др. Шредхар Субраманиан од Универзитетот во Ливерпул, , штотуку објавија труд што може да има значаен ефект врз текот на болеста и смртноста во количината на витамин Д во организмот.
Споредба
Во својата студија, тие користеле споредба на текот на болеста во Австралија и Велика Британија, каде што смртноста била значително поголема во истиот период. На пример, во Австралија 100 случаи се пријавени до 10 март и 1000 пациенти до 21 март. Сличен тек на проширување на „Ковид-19“ за околу десет дена во март го објави Велика Британија. Но, кога се споредува смртноста, приказната е различна затоа што, до 3 април, Австралија има две смртни случаи на милион луѓе, а Велика Британија 68.
Ова ги натерало научниците да ја „исцртаат линијата“, односно да ја споредат смртноста на коронавирус на милион жители по географска ширина. Резултатот на почетокот ги изненади. Земјите што лежат под 35-та паралела, или некаде од Кипар према југ, имаат мала смртност во однос на оние на север.
Факт е дека оние што живеат северно од 35-та паралела имаат помалку сонце во текот на годината, што значи пониско ниво на витамин Д во текот на зимата. Научниците заклучија дека е можно улогата на витамин Д во текот на болеста и нејзиниот исход да е поголема од претходно познатото.
Секако, има и такви што се издвојуваат од овој заклучок, како што се скандинавските земји, но постои и „квака 22“ затоа што во Скандинавија всушност нема недостаток на витамин Д.
Можеби е изненадување што Италија и Шпанија имаат релативно висока застапеност на недостаток на витамин Д. Предвремените истражувања покажаа дека недостаток на витамин Д е поврзан со висок крвен притисок, дијабетес или дебелина, сето тоа е поврзано со зголемен ризик од сериозен Covid- 19 и зголемена смртност.
Докази
Постојат многу докази кои сугерираат дека витаминот Д е важен за регулирање и сузбивање на воспалителниот одговор на цитокинот на респираторните клетки и макрофагите на различни патогени, вклучително и респираторни вируси.
Доказите дека витаминот Д може да заштити од инфекција е скромен, но важно е да се напомене дека хипотезата не е дека витамин Д штити од инфекција САРС-КоВ-2, туку дека може да биде многу важен во спречувањето на цитокинсската бура и последователните акутни респираторни синдроми, што е најчесто причина за смртност.
Препораки
„Шведското Министерство за здравство препорачува сите постари лица да земаат 800 меѓународни единици витамин Д дневно, бидејќи го зајакнува имунолошкиот систем. Би било интересно да се анализира количината на витамин Д во тестовите на крвта кај пациенти со „Ковид-19“ “, вели проф. др. Ненад Богдановиќ, невронаучник на Универзитетската клиника Каролинска, кој долги години се занимава со влијанието на витамин Д врз имунолошкиот систем на постарите лица и здравјето на мозокот поврзано со деменција.
Во неодамнешниот научен труд, тој исто така објави дека недостаток на витамин Д ја намалува концентрацијата и мозочниот кортекс исто така се намалува. Тој посочува дека за доволна количина на витамин Д, треба да се потребни околу петнаесет минути сончање секој ден, а во зима кога ќе се изгубат резервите, треба да се зема како додаток.
Истражувачите од универзитетот во Ливерпул велат дека е потребна итна студија за да се утврди дали постои поврзаност помеѓу витамин Д и сериозноста на болеста „Ковид-19“. Дотогаш, велат тие, постојните докази сугерираат дека витнаминот може да има заштитен ефект, па затоа се препорачува популацијата, особено постарите лица, кои дури и со помалку сончева светлина во текот на летото, да земаат 1000 единици витамин Д на ден. А ова го сугерираа и на владите во земјите.