Мк. градоначалници скоро како на модна писта: Кои се тие?
Корнакризата се‘
фрли во втор план, ама тоа не значи дека некои јавни личности престанаа да
бидат во континуитет со добриот стил. Кога се во прашање политичарите, нашиот
магазин не го интересираат нивните политики (за тоа има релеванти медиуми кои
пишуваат) туку исклучиво нивната појава- стилот кој го презентираат. Бидејќи
јавно го покажуваат, јавно и го коментираме. Но, најчесто ја бираме поведрата
страна, а не модните катастрофи, затоа што кога е нешто лошо сите го оцрнуваат.
А, убаво би било кога се истакнува и убавото.
Пишувавме доста за облеката на нашите политичари, некои од нив беа избрани и за најдобро облечени меѓу сите кои преферираат уникатост. И да! Облекувањето е едно, нивните политички ставови и потези сосема нешто друго.
Македонија има 81 градоначалник од кои 5 се жени, а останатите мажи. И сите тие се репрезенти на оштината која ја претставуваат. Не сите имат осет за естетика и би било дури и чудно сите да бидат стилски одлично усогласени. Некои треба да повнимаваат, за други малку им фали па да бидат топ, а само неколку имаат изграден стил. Тоа не значи најдобар, туку различен и допадлив.
Еве неколку со стил кој им прилега:
Петре Шилегов- градоначалник на Град Скопје
За „таткото“ на Скопје е евидентно дека внимава како ќе се облече. И тоа го прави во добра насока. Иако е скоро сигурно дека подобро се чувстува во спортска облека, костумите и капутите сепак му стојат добро. Релаксиран е во изборот и не сака да се наметне со она што го носи. Усогласувањето на боите исто така го прави соодветно и не е пренападен.
Максим Димитриевски- градоначалник на Куманово
Ретко, скоро никогаш не носи вратоврска... Наместо тоа, често има шал кој сепак е добар моден додаток и некако- негов заштитен знак. Шалот се гледа дека е внимателно избран и соодејствува со целосниот иглед, претежно дводелен, а не костум. Нетипично за еден политичар, но кај него сето тоа изгледа стилски добро.
Д-р Сашко Николов- градоначаник на Штип
Само што го одбраа за градоначалник, а веќе претендира да биде еден од најдобро облечените. Џентлменски стил, марамче во горниот џеб на сакото, елеганција во костум со чисти линии, строг крој, сигурен и внимателен избор на облека која не му е ни куса ни премногу долга, со оглед на тоа што е висок.
Р.М.М