Многумина се прашуваат како: Со помош на едноставен трик кој не чини ни денар, ќе ја загреете цела куќа
Одличен трик како да ја загреете цела куќа без да ја вклучите греалката
Експертот Дејвид Тарнер за британските медиуми изјави дека има една промена во домот која ќе го направи станот потопол, а нема да морате да дозагревате и да трошите струја, а со самото тоа и да ги зголемите сметките.
Неговиот трик е потполно бесплатен и гарантирано функционира, потребно е само малку труд и креативност.
- Многумина не знаат дека преместувањето на мебелот е наједноставниот и потполно бесплатен начин да ја затоплите куќата. Така ќе заштедите и на сметките за струја – вели тој.
Се работи за поместување на мебелот и правење нов „распоред“ во собите, бидејќи големите парчиња мебел пред радијаторот го блокираат преминот на топлиот воздух и го впиваат. Со други зборови, вие го загревате каучот, а не луѓето што седат на него и остатокот од собата!
Софи, троседи, маси и полици за книги може да ја апсорбираат топлината на радијаторот и да го спречат неговото циркулирање. Преместувањето на големи парчиња мебел за да не се пред или околу радијаторот ќе овозможи просториите да бидат потопли - рече тој.