Модата се промени, моќта остана иста!

„Fashion Group со нова кампања со познати македонски мисици кои ги претставуваат парчињата од новите колекции“.


Многумина ќе кажат дека најголемите промени се случуваат напролет, но според нас, есента е вистинското време создадено за промени. Повозбудлива од кога и да е, исполнета на секое можно поле, оваа студена сезона Fashion Group ги носи најголемите промени во модата – сосема нови брендови чии колекции се љубов на прв поглед!

Сакајќи да ви ги прикажеме сите нови и ултра шик парчиња од новите колекции на нашите брендови со кои ја започнуваме новата сезона, поканивме некои од највпечатливите дами во македонската модна индустрија за кои знаевме дека ќе ги презентираат на совршен начин.

Потврдувајќи дека стандардите за убавина и модата целосно се променија и единствено фокусирајќи се на она што внатрешната убавина вистински значи, есенската приказна на Fashion Group ја прикажуваме преку овие четири дами, секоја сосема своја, посебна и моќна на единствен начин, секогаш умерена и ултра впечатлива.

Облечени во парчиња за кои стилските девојки веќе потврдија дека ќе бидат огромен хит, Светлана Црнокрак, Татјана Стојановска, Ана Биновска – Кочова и Вера Мештеровиќ, нè потсетија на најубавите приказни од 90 – тите.

Едногласно, тие посочија дека очекувано, работите во модната индустрија целосно се променети, но и дека им е драго што денеска младите наоѓаат нови и креативни начини за промоција на внатрешната убавина, со која тие не престанаа да зрачат изминатите години.

Ќе се согласат и дека денес, она што тие го работеа порано, им е доделено на инфлуенсерите кои преку социјалните мрежи имаат можност да го кажат своето мислење на многу теми за што е потребна голема храброст, па истото е и повеќе од задолжително да се почитува.

Се согласуваат и дека трендовите се менуваат исклучително брзо, па ако нешто за што порано не мислеле дека ќе го облечат било кога, денеска го носат со задоволство.

Кога на едно место ќе се соберат вакви дами, облечени во најстилските парчиња што девојките ќе ги обожаваат оваа сезона, не можеше, а да не се спомене колку моќно тие се чувствуваат во својата кожа и како таа моќ се менува низ годините.

Потврдуваат дека животот добро се однесува кон нив и се апсолутно задоволни со приказната што ја живеат изминатите години. Она што го одбрале како начин на живот, совршено им одговара, а секогаш го наведуваат здравјето како предуслов за среќен живот.

Во тоа име, оваа сезона, направете нешто повеќе за себе, грижете се за семејството, почитувајте ги вистинските стандарди на убавината, воспитувајте ги најмилите да ја чуваат Планетата.

Fashion Group и сезонава ќе ви ги понуди најшармантните парчиња со кои ќе се заштитиме од студот и целосно ќе се посветиме на најважните работи во животот. Дека секогаш веруваме во убавината на новите нешта, овојпат прикажани преку трите брендови Kiko Milano, Mango Man&Kids и Dan John, ќе ви докажеме и од Ист Гејт Мол каде уживаме во приказните што допрва ќе ги раскажуваме заедно!

ПР објава