Модерно луфтирање: Машки костими за капење кај нас

Чувството на леснотија во костим за капење на сите ни е познато. Посебно на мажите им се практични. Ама тоа не значи дека не треба да бидат модерни и пред се- да одговараат на нашето тело. 

Ова лето, најекспонирани се шорц костимите за капење. Дезените варираат, но се препорачува никако да не бидат премногу шарени. Еднобојни или максимум до три бои би било идеално. При изборот, внимавајте на квалитетот на материјалот. Знаете веројатно што значи ако костимот не ви се суши цел ден... 

Ние ви нудиме неколку супер машки костими за капење од компанијата Fashion Group Macedonia која е застапник на реномирани светски бредови. А, токму тие брендови во своите најнови колекции имаат и „купаќи“ за мажи.

Еве дел од изборот:

Hugo Boss- Цена: 4.790 денари

Springfield- Цена: 1.199 денари

Replay- Цена: 2.392 денари

SCOTCH&SODA- Цена: 2.590 денари