Модно патување на Fashion group – почувствувај ја слободата оваа пролет!
Оваа пролет носи посебна приказна со себе, приказна за слободата и сета нејзина убавина... Овојпат, Fashion Group ви раскажува сосема нови, поинакви авантури на кои знаеме дека ќе се радувате...
Пролетната кампања на Fashion Group ве води на некои од најмагичните места низ нашата земја, прикажувајќи ги новите колекции кои се како создадени за поинаква и шармантна пролет.
Низ фотографската призма на одличниот Мирко Табашевиќ, Fashion group пред објективот ги носи омилените балкански ѕвезди Дуња Јованиќ и Сара Јовановиќ, прикажувајќи ја сета нивна енергија и уникатност поради што и се дел од кампањата за оваа сезона.
Како нивни домаќини кои им ја покажаа сета скриена убавина на нашата земја, овојпат групацијата покани познати македонски инфлуенсери и создаде едно сосема поинакво искуство, прикажувајќи ги новите колекции на познатите брендови.
Она посебното во сите кои оваа сезона беа дел од кампањата на Fashion Group, прикажа еден неодолив спој на млади и амбициозни луѓе кои секогаш имаат што да кажат.
Двете дами заедно со нашите познати инфлуенсери, имаа можност да уживаат во прошетката низ центарот на Скопје, да бидат сведоци на уште едно совршено музичко патување со талентираната Ана Петановска во МОБ, да ги вкусат најубавите специјалитети и едноставно и за миг, сите заедно да ја искусат културата на нашата земја.
Како и секогаш, така и оваа сезона, Fashion Group ги прикажува пролетните парчиња на начин на кој секој ќе сфати дека не станува збор само за „нешто скроено“, туку дека секое едно од истите, раскажува посебна приказна како никогаш досега.
Концептот на нивната пролетна кампања едноставно наречена „Почувствувај ја слободата оваа пролет“, целосно се насочува кон прикажување на убавините на нашата земја, презентирани од млади и талентирани луѓе кои уште еднаш потврдуваат дека иако на поинаков начин, животот мора да продолжи.
Сосема на крај, не е важно колку пролетта ќе биде долга, важно е како вие ќе се чувствувате. На самиот почеток од истата, одвојте ден за себе, посетете ги продавниците на брендовите на Fashion Group или нашата онлајн продавница www.fashiongroup.com.mk за комплетирање на приказната која вие сакате да ја раскажете на вашето модно патување, за кое знаеме дека ќе биде незаборавно.
ПР објава