Моќната круна на Кралицата Елизабета Втора: Непроценлива, ама голем товар

Една од најубавите круни во историјата...

Кралската круна е еден од симболите на британскиот суверенитет. Постои во неколку верзии, почнувајќи од 15 век. Што се однесува до изгледот на денешната круна, дизајнот е многу сличен на оној на круната на Свети Едвард, само што оваа е помала и е покриена со накит. На кралската круна има многу вредни скапоцени камења: 2868 дијаманти, 269 бисери, 17 сафири, 11 смарагди и 5 рубини.

На круната има и неколку многу познати скапоцени камења. На врвот на крстот се наоѓа сафирот Свети Едвард. Сафирот е земен од прстенот на Едвард Исповедник. Рубиниот црн принц е поставен на предниот дел од крстот. Познатиот Кулинан Втори (втора Sвезда на Африка), дијамант во форма на перница, се наоѓа на предниот дел на круната, веднаш под рубинот на Црниот принц. Во 1909 година, Кулинан Втори го замени сафирот на Стјуарт (104 карати), кој сега е на задниот дел од круната. Оваа круна содржи и бисери на кралицата Елизабета. Двата големи камења (дијамантот Кулинан и сафирот Стјуарт) се меѓусебно поврзани со кружна вдлабнатина исполнетa со осум смарагди и осум сафири. Меѓу нив има два реда бисери.

Над овој многу импресивно украсен кружен дел од круната се наоѓаат четири полу-сводови, почнувајќи од заедничка точка. Секој свод симболизира крст. Вкупно има 4 крстови. Помеѓу крстовите има украси во форма на цвеќиња од крин. Во нивниот центар има еден рубин. Крстовите и цвеќињата од крин се дополнително украсени со дијаманти и сафири. Круната е опремена со виолетова кадифена капа и лента со хермелин.

Кралската круна е дел од церемонијата на крунисување на новиот владетел. Тоа е замена за круната на Свети Едвард, која првично се користеше за оваа намена. Пред Граѓанската војна, античката круна се чуваше во катедралата Вестминстер. Кралската круна се користи и во различни официјални прилики, како што е Денот на државноста.

Терминот кралска круна датира од 15 век, кога бил избран дизајнот на круната со лакови, за да се покаже дека Англија не била предмет на ниту еден друг земен авторитет. Денешната круна беше направена за крунисување на кралот Џорџ Шести во 1937 година. Дизајнот е тесно поврзан со дизајнот на круната што е направена за кралицата Викторија во 1838 година. Круната содржи неколку многу значајни скапоцени камења за кои има легенди. Ова првенствено се однесува на сафирот Свети Едвард, обетките на кралицата Елизабета, рубинскиот Црн принц, сафирот на Стјуарт и дијамантот Кулинан Втори.

Сафирот на Свети Едвард е предмет на легендата - еден од последните аглосаксонски кралеви во Англија, Едвард Исповедник (1042–1066), еден ден, при осветувањето на капелата, пришол кај еден просјак кој барал милостина. Откако ги дал сите пари што ги имал како милостина, го извадил прстенот од раката и му го дал на питачот. Многу години подоцна, двајца аџии го вратиле прстенот од Светата земја, што им го дал постар човек со упатство да го вратат во Англија. Подоцна, се покажа дека просјакот бил евангелистот Свети Јован. Тој им рекол на аџиите дека многу години порано, под маската на просјак, го добил овој прстен од кралот на Англија. Свети Јован тогаш му се заблагодарил на кралот за дарежливоста и му ветил дека наскоро повторно ќе се сретне, во рајот. Кралот Едвард почина кратко време откако го доби прстенот. Тој беше погребан со прстен на раката во катедралата Вестминстер во 1066 година. Кога неговиот гроб бил отворен 200 години подоцна, телото на кралот Едвард било во совршена состојба. Тогаш прстенот од сафир му беше изваден од прстот. Оттогаш, овој сафир е дел од колекцијата за накит на англиското кралско семејство.

Обетките на кралицата Елизабета, четири големи бисери, се поврзани со седум бисери што Кетрин де Медичи ги доби од папата Климент VII, на нејзината венчавка со Французинот Хенри Втори, во 1533 година. Подоцна и ги подари на својата ќерка Мери, кралица на Шкотите. По нејзиното затворање, тие наводно биле продадени на Елизабета Прва. Елизабета не сакаше да ги носи како обетки, туку ги расфрла на косата или фустанот.

Кралицата Елизабета Втора е крунисана со круната со која беше крунисан нејзиниот татко. Всушност, дизајнот на круната е ист како и пред неколку векови, со истите дијамнати, рубини, сафири, бисери. 

Со оваа круна треба да биде крунисан принцот Чарлс кој сега по смртта на неговата мајка кралицата Елизабета Втора ќе седне на тронот


Дали Чарлс е достоен за оваа круна?