Моќта на целото зрно
Во брзиот и динамичен свет во кој живееме, одржувањето здрав начин на живот е поважно од кога било. Помеѓу различните трендови во исхраната, водечкото место го заземаат целото зрно и интегралните житарки кои играат клучна улога во подобрувањето на општиотживотен стил, овозможувајќи голем број здравствени придобивки.
Производите од 100% цело зрно се вистинско природно богатство на храна (есенцијални хранливи материи, јаглехидрати,витамини, минерали и диететски влакна), што даваатподдршка за нормално и правилно функционирање на организмот во текот на целиот ден.
“Изобилството од растителни влакна во лебовите од цело зрно, придонесува дигестивниот тракт добро да функционира и да се има подолготрајно чувство на ситост. Луѓето кои во своето дневно мени за исхрана ги вклучуваат ваквите лебови, полесно ја одржуваат и регулираат својата тежина. Една од главните карактеристики на лебот од цело зрно е и што претставува извор на витамини и минерали што се неопходни за здраво и витално функционирање на организмот. Ваквиот леб помага да се одржи константно ниво на енергија по неговото консумирање, како и намалување на количеството на нездрави масти во телото”, вели доктор Валентина Павлова, Редовен професор на Факултетот за Нутриционизам.
Интегралниот леб - 100% цело зрно со ‘рж
Овој леб, направен со комбинација од интегрално пченично и ’ржано брашно претставува богат извор на диететски влакна и е вистински избор за здрава и урамнотежена исхрана. Дополнително збогатен со пченични никулци, тој е природен извор на витамин Е. Посипот од овесни снегулки ја зголемува неговата хранливост и го збогатува вкусот.
Интегралниот леб - 100% цело зрно со семиња
Овој леб е направен од интегрално пченично брашно со додаток на сончогледово семе, семе од тиква и пченични никулци. Внимателно избраните состојки и додадените семиња претставуваат природен извор на витамин Е, Омега-3 масни киселини, протеини, витамини и минерали кои даваат енергија и чувство на ситост. Ваквиот состав го прави овој леб совршен дел од здравата и балансирана исхрана.
И покрај сите квалитетни состојки кои им даваат висока нутритивна вредност на овие лебови тие се меки, вкусни и одлично се комбинираат во сите оброци, со секој тип на храна.
Пронајдете го идеалниот вкус во маркетите близу вас, и почувствувајте ја моќта на целото зрно уште од првиот оброк!
ПР објава