Момци, гордост сте: Македонци двократни светски шампиони во CS:GO

Фотo: Instagram Македонска еспорт федерација

Македонскиот Counter-Strike:Global Offensive репрезентативен тим го освои првото место во Светското првенство на Меѓународната еспорт федерација во Бали, Индонезија

Македонскиот тим кој го носи името „BLUEJAYS“ е составен од играчите Јане Апостолоски - „aidKiT“, Александар Ќулукоски „CacaNito“ , Даниел Глигоров „dan1“, Дамјан Стоилковски „kyxsan“ и Павле Стојановски „stYleEeZ“ го победи тимот на Монголија со 3-1 во мапи.


Македонија е светски шампион втора година по ред, откако минатата година го освои истото Светско првенство кое се одржа во Израел. 


Браво момци, гордост сте!!

Ова е уште еден голем успех во македонскиот гејминг свет, по големата победа на Мартин Саздов Сакса кој со својот тим „Тундра Еспортс“ го освои првото место на Интернационалниот „Dota 2“ турнир во Сингапур, кое вреди цели 8 милиони долари.