,

Moonlight Silver - подобра алтернатива, обоена со месечев сјај

Што е подобар избор - цигари или, пак, тутунски алтернативи? Која е разликата меѓу нив, и она основното - што е помалку штетно? Ова се само дел од прашањата кои сѝ ги поставуваат сите пушачи кои се заинтересирани да направат промена и да живеат без чад од цигари со помош на новите иновативни производи - електронски уреди кои претставуваат научно базирана подобра алтернатива на цигарите.

IQOS 3 DUO уредот, кој овозможува две последователни употреби, сега е достапен на сите продажни места и во лимитирана едиција Moonlight Silver со нијанса на месечев отсјај, инспирирана од величествена нијанса на месечината.

Измина нешто повеќе од една година откако револуционерниот уред на Филип Морис Интернешнал (ФМИ), IQOS е официјално пуштен во продажба на македонскиот пазар. Истиот може да се најде во поголемите трговски центри во Скопје, во повеќе градови во Македонија, но достапен е и за онлајн нарачка.

Производот создаден од ФМИ е резултат на повеќе од една деценија истражувачка работа, посветеност на повеќе од 400 врвни научници и експерти и инвестирање на повеќе од осум милијарди долари во неговиот развој. Досега повеќе од 19 милиони пушачи почнаа да користат IQOS, а 14 милиони засекогаш ги оставија цигарите. Електронскиот уред е производ кој Американската Агенција за храна и лекови (FDA) го класифицираше во категоријата производи со модифициран ризик.

Технологијата која стои зад овие електронски уреди, всушност овозможува загревање на тутунот на контролирани температури до најмногу 350° целзиусови, процес кој целосно го елиминира согорувањето. Поради отсуството на согорувањето IQOS уредите не испуштаат чад, туку аеросол кој содржи никотин, а при тоа не  се создава пепел. Во аеросолот од IQOS уредите измерено е и до 98% намалување на одредени нивоа на штетни или потенцијално штетни соединенија, споредено со чадот од цигарите.  

Никотинот, иако не е примарен причинител за болестите поврзани со пушењето, не е без ризик и создава зависност. Бездимната алтернатива IQOS е наменета само за возрасни пушачи кои би продолжиле да пушат. Најдобара избор што секој пушач може да го направи е целосно да се откаже од употребата на тутун и никотин.

ПР објава