,

МОВЕМБАР: Наши мустаќлии во поддршка за машкото здравје

Од 2003 година, месецот ноември е означен како „Месец на здравјето на мажите“. Се започна уште во 1999 година, на иницијатива на неколку познати локални момци кои често одат во пабови од Аделаидa, Австралија кои, едноставно со тоа што ги ослободија своите мустаќи во текот на 11-тиот месец (Moustache- Мустаќи + November - Ноември = Moveember), се обидоа да го привлечат вниманието на пошироката заедница кон мажите и важноста на нивното здравје. 

Со текот на времето, првичната спонтана иницијатива прерасна во една од 100-те најголеми невладини организации во светот.

На овој уникатен начин, денес се прави напор во целиот свет да го сврти вниманието на јавните личности и институции на специфичностите на здравствените проблеми кај мажите. 

И кај нас веќе неколку години се одбележува овој месец со различни иницијативи. Повеќето од нашите познати мажи од различни свери го поддржуваат ова движење и имаат пуштено мустаќи во комбинација со брада. 

Меѓу многуте, најчесто тоа го прават Александар Билјановски- Дадар, Илија Димовски, Тони Зен, Даниел Кајмакоски, Коста Петов, Борко Ристовски, Игор Ангелов, Перо Антиќ...

Инаку, ракот на простата е најстарата малигна форма на болеста што влијае на машката популација. Целта на одбележувањето на месец ноември како Месец на борба против рак на простата, или рак на тестисите, е да се подигне свеста за рак на простата, што е втор најчест карцином кај машката популација.

Ракот на простатата е малиген тумор кој потекнува од клетките на простатата. Туморот на простатата обично расте бавно и останува ограничен на простатата многу години. Некои агресивни видови рак на простата растат и се шират побрзо од другите и можат да предизвикаат значително скратување на животниот век кај мажите. 

По 50-годишна возраст, инциденцата на рак на простата се зголемува брзо, најчесто се јавува на возраст меѓу 70 и 74 години.

Со цел да се открие навремено рак на простата, се препорачува мажите во своите 40-ти да започнат редовно да проверуваат за ПСА, маркер на тумор на простатата. Поточно, овој протеин се произведува од клетките на простатата, така што неговите покачени вредности укажуваат на можни патолошки промени. Понекогаш не е рак на простата, но проблем може да биде зголемување на простатата, воспаление или аденом на простата.

Ракот на простата успешно се лекува ако се открие во рана фаза. Стапката на преживување кај мажите со рак на простата во рана фаза е 99 проценти во период од пет години.

Некои од симптомите што можат да бидат индикативни за оваа болест се: тешкотии при мокрење, отежнато дишење при мокрење, крв во урина, замор и слабост, слабеење.

Тестот PSA (специфичен антиген за простата) е тест на крвта што го одредува серумот PSA. И овој тест секој маж треба да си го направи!

Фактори на ризик за рак на простата се: старост, наследна склоност, хормонални влијанија. Фактори на животната средина, како што се некои токсини и хемикалии: Пушењето и диетата богата со заситени масти веројатно го зголемуваат ризикот од рак на простата

Еве ги и шесте точки од Европскиот законик за рак:

1. Непушачи

2. Умерено пиење алкохол

3. Избегнување на прекумерна изложеност на сонце

4. Здравствена контрола и придржување кон правилата за изложеност на познати карциногени

5. Потрошувачка на свежо овошје, зеленчук и друга храна богата со растителни влакна

6. Избегнување на дебелина, зголемување на физичката активност и намалување на внесот на маснотии

Ги повикуваме сите мажи да ги ослободат своите мустаќи во текот на месец ноември и да не забораваат да го контролираат здравјето!

Небојша Толески