Му благодарам на Бога за секој ден: Мајката на Чак Норис полни 100 години

Легендарниот силен човек и главна sвезда на бројни филмови (и шеги) Чак Норис сподели фотографија на својот Фејсбук профил со најголемата животна поддршка, неговата мајка, пренесува Далмација денес.

Причината за оваа објава е роденденот на неговата мајка, која полни 100 години. На фотографијата Чак и мајка му позираат пред објективот.

„Денес, мојата мајка Вилма Норис Најт, полни 100 години. Те сакам, мамо! Среќен 100 - ти роденден! Ти благодарам што му помагаш на Бога да ми даде сѐ што можам и сѐ што треба да бидам“ - напиша.


Тој пред повеќе од два месеци наполни 81 година, а има 5 деца и 13 внуци.