Мукаетов: Македонија ќе биде одличен домаќин на големиот ракометен настан во Скопје
Македонија и македонската ракометна федерација, следниот месец е домаќин на европски шампионат за ракометарки, мечевите ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, е убеден дека се ќе мине во најдобар ред, а шампионатот ќе с еодржи во периодот од 4 до 20 ноември, домаќини сè уште и Словенија и Црна Гора.
„За нас како Ракометна федерација ова е голем предизвик, но и голема чест да бидеме организатори на сениорско европско првенство, тоа е врв на европската ракометна сцена. Сакам да им дадеме огромна поддршка на ракометарките и на стручниот штаб, апелирам во што поголем број да дојдат навивачите и да им дадат поддршка на нашите репрезентативки во координација сме со Словенија и со Црна Гора за да бидеме беспрекорни домаќини, не е лесно кога три различни држави треба да одговорат на исти обврски на ист начин, но ние сме подготвени и за тоа, комуникацијата со останатите земји-домаќини е одлична“, изјави Мукаетов.
Женската македонска репрезентација е во групата со Франција, Холандија и Романија.