МЗТ Скопје го демолира Еуро Никел

МЗТ Скопје го превзеде лидерското место на табелата откако го совлада Еуро Никел на гости со 75-95.

Шампионот одигра во еден таков стил на гостувањето во салата „Јасмин“ во Кавадарци, со што запиша триумф  со 20 поени разлика.

Победнички продолжуваат кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во Суперлигата. Стигна до уште едне, сега и убедлив триумф, на гостуавњето во Кавадарци. Беа далеку поквалитетен ривал во однос на Еуро Никел 2005, екипа која евидетно е во голема криза на резултати.

Се потврди тоа и на вечерашнито дуел во „Јасмин“, во кој скопските „сино-бели“ покажаа дека се во врвна форма, и дека макар и привремено, со право се на пол-позицијата во Суперлигата пред последните три кола, а потоа и доигрувањето.

Трета фаза која пак станува се подалечна за кавадарчани (сега на скор 16-13) кои го запишаа и четврттиот пораз по ред во оваа фаза од натпреварувањето.По трите порази на гостински, стигна и неуспех на домашен терен.

А една одлично одиграна четвртина, онаа третата, беше решавачка за конечниот епилог од средбата во Кавадарци. Десет минути во кои „металците“ направија (30:16), доволно да се одвојат, на крајот и да победат.

​Пет гостински кошаркари финишираа со десет и повеќе реализации, најмногу 18 дојдоа од Милошевиќ, новакот Ајви имаше 13, по 12 постигнаа Крстевски и Д. Стојановски. На другата, кавадаречка страна, Дубински даде 11, по еден помалку имаа Караколев и Ѓекиќ.

Утре вечер се играат преостанатите два дуели од ова седмо коло од Суперлигата во кои ТФТ е домаќин на Пелистер (19.00 часот), А Феникс 2010 на Гостивар (20.00 часот). 

ПРВА ЛИГА МАЖИ

СУПЕРЛИГА – РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 7.КОЛО

Еуро Никел 2005 – МЗТ Скопје Аеродром 75:95

12. МАЈ (ЧЕТВРТОК)

19.00: ТФТ – Пелистер

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

https://youtu.be/8FWcjSgat2c

20.00: Феникс 2010 – Гостивар

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/H3CpGs-n2V0

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 25-4, Пелистер 24-4, Еуро Никел 16-13, Гостивар 16-12, , ТФТ 15-13, Феникс 2010 14-14;