МЗТ Скопје потклекна, Будуќност запиша триумф со четири поени разлика

Минимален пораз на МЗТ Скопје на домашен паркет  од Будуќност 86-90.

Аплаузите на публиката во Аеродром и покрај новиот пораз, 14. во 16 одиграни кола од АБА лигата, означија, потврдија дека овој, некомплетен МЗТ Скопје, не се откажал од битката за место кое води во опстанокот во јадранската конкуренција. 

Војдан Стојановски заврши со 20.поени, Абу имаше одличен ефект од 19.поени и 11.скока, Вер даде 16, Дамјан Стојановски 13. поени, додека Крстевски финишираше со десет реализации, 

На 28.јануари во Подгорица, МЗТ Скопје Аеродром и гостува на екипата на Студентски Центар, една од двете (покрај Мега) која „металците“ успеаја да ја совладаат во досегашниот дел од сезоната во Лигата на Јадранот.