На 10 години избегал од Босна додека имало војна, а на 18 се вратил: Дошол до вратата на родителите, а тие не го препознале (ВИДЕО)
Мирсад на 10 години побегнал од Босна, а кога се вратил родителите не го препознале...
Мирсад Пивалиќ од Доњи Вакуф денес живее и работи во Германија, каде го основал своето семејство, а неговата животна приказна крие емотивни детали. Имено, тој како 10-годишно момче побегнал за време на војната од Босна.
По потекло е од Мркоњиќ Град, каде што поминал најмалку време. Војната го принудила уште од детство да си ја бара среќата во други градови и во потрага по мирен живот.
- Во Германија сум 33 години, да сака жена ми сега би се вратил во Босна, но децата се веќе навикнати овде – ја започнал својата приказна Мирсад.
- Имав 10 години кога почна војната. Живеевме во Мркоњиќ Град, а потоа почна несреќната војна. За да не засолнат, родителите не испратија во селото од каде што се, па ни рекоа дека после ќе си заминеме кога ќе се смири ситуацијата. Одевме по градовите, а потоа отидовме во Сплит. Мојата сестра, која тогаш имаше 20 години, беше во Германија и реши да ме донесе овде. Таму отидов на училиште - изјави тој.
- Во Германија дојдов сам, без моите родители и кога ми беше најтешко, тогаш ми беа најпотребни, но ги немаше. Единствениот контакт што го одржувавме беше преку писма, преку нашите луѓе, кои одеа таму. Не бевме во контакт 2,5 години. Се надевав дека некогаш ќе се видиме.
После 8 години решил да се врати во татковината. Кога дошол до вратата од куќата на своите родители, неговата мајка не го препознала, ниту таткото му. Тоа беше емотивен момент за целото семејство.
- На 18 години отидов во Жница. Им заѕвонив на вратата на моите родители, излезе мајка ми и ми рече „сте го погрешиле станот, постои уште едне стан погоре, можеби треба да одиш кај нив“. Дури кога се појави брат ми и застана до мене, ме препознаа. Се симнав по скалите, седнав и почнав да плачам. Моите родители дојдоа и ме прегрнаа. Кога се враќавме во Германија, многу плачев.
- Ми требаа 20 години да застанам на нозе. Сега имам своја куќа, 5 стана...
Денес, Мирсад има пет деца и живее подобро од било кога.
Извор: Stil.kurir.rs