На 40-тиот роденден на Меган Маркл: Се појави фотографија од ќерката на војвотката, Лилибет

Меган Маркл вчера го прослави својот 40 -ти роденден и по тој повод го објави првото видео во кое се појавува по раѓањето на нејзината ќерка Лилибет Дијана, која се роди на почетокот на јуни.

Во видеото, кое таа го објави на профилот на Фондацијата „Archewell“ на Инстаграм, Меган ја ангажираше актерката Мелиса Мекарти да го промовира својот нов проект 40X40, со кој сака да им помогне на жените кои ја загубија работата поради пандемијата.

Војвотката од Сасекс се појави во едноставна бела маичка и џемпер, а снимена е во нејзиниот дом во Монтесито, Калифорнија. Едно од нејзините кучиња уживаше свиткано на перницата позади неа.

Во еден момент, камерата го фати бирото на војвотката, кое содржи досега невидени семејни фотографии, а на една од нив е прикажано бебето Лилибет со нејзиниот татко, принцот Хари, пишува Page Six.


На самиот крај на видеото се појавува и Хари, кој може да се види низ прозорецот како жонглира во дворот. 


„Како убава идеја, се надевам дека и ти ќе поминеш 40 минути со татко ти затоа што времето е подарок“, „Добро е да видиш дека имаш кловн за жонглирање“, „Најдобриот дел од целото ова видео е кучето“, се само дел од коментарите.

За потсетување, членовите на британското кралско семејство на социјалните мрежи и го честитаа 40 -тиот роденден на Меган.


Фото и Видео: Инстаграм