На кој машки мирис се „палат“ жените???
Жените сакаат мажите да мирисаат - мажествено, вели американскиот дизајнер Том Форд. Парфемите што имитираат мирис на пот и секс се неговата визија за привлечност.
Имајќи предвид дека концентрацијата на феромони, хормони одговорни за привлекување на спротивниот пол, е највисока во потта, можеби Форд знае за што зборува.
Меѓутоа, ако сакаат да го избегнат мирисот на пот, но да го задржат сексапилот, мажите треба да изберат парфеми базирани на миризливи ноти на природни афродизијаци со докажан ефект, како цимет, мошус, пачули и сандалово дрво. Тие исто така ги користеа Египќаните, проверувајќи го нивниот ефект врз жените во овулација. Имено, дури и со најслабиот мирис на мошус, жените би ги „нападнале“ мажите, а тоа секако мажите знаеле да го искористат. Истото е и со циметот, кој ја стимулира циркулацијата, ги прави ерогените зони почувствителни и сексуалното задоволство посилно. Сандаловото дрво работи на истиот принцип, кој жените потсвесно го поистоветуваат со андростеронот, природна хемикалија која ја поттикнува желбата и привлечноста.
Жените што мирисаа машки парфеми додека фантазираа за секс, се возбудија побрзо и посилно од оние кои фантазираа без мирисни стимуланси, се вели во студијата на Асоцијацијата за проучување на мириси и вкусови. Сепак, прекумерните количини на синтетички мириси ги натераа да киваат и да го прекинат „протокот“ на крвта во ерогените зони, се вели во истата студија.