На небото над Сплит се појави чудна светлина: „Се движеше во права линија“ - Еве за што се работи

На небото над Сплит се појави чудна светлина: „Се движеше во права линија“ - Еве за што се работи

Светлината на небото има објаснување. Станува збор за американскиот проект Starlink чија цел е да обезбеди пристап до интернет преку сателит во кој било дел од Земјата

Жителите на Хрватска во саботата вечерта беа вознемирени од необичен летечки светлечки објект што се појави на небото над Сплитско-далматинската жупанија.

- Вечерва непозната светлечка појава помина над нас над Биоково. Низа од околу 20 светла се движеа во права линија по небото - пишува читател за 24сата.

Тој испрати снимки и фотографии од светлината што „патува“ во линија низ небото.

- Нешто големо на небото над Сплит. Свети како огромен град - вели друг читател.

Станува збор за Starlink, проект на американската компанија SpaceX, чија цел е да обезбеди пристап до интернет преку сателит во кој било дел од Земјата. Овој проект ја заобиколува потребата за изградба на инфраструктура како што се кабли и столбови за да се направат достапни интернет услуги во оддалечените области.


Фото: printscreen - video