Забава // Музика и филм
На отворено започна 28-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица
Наместо во Центарот за култура „Антон Панов“ каде што се одржуваше претходните години, оваа 2020, Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица започна и ќе се одржува на отворено, во градскиот парк.
На отварањето присуствуваше ограничен број на гости, кои седеа според протоколите за заштита и безбедност од Ковид-19. Фестивалот го отворија актери од струмичкиот театар кои на сцената настапија со претставата „Умри машки“ од Алдо Николај, во режија на Кирил Ѓеоргиев.
Фестивалот, според организаторите
ќе се одржува до 13 септември.
Можеби ќе ве интересира:
Животната сторија на Ристо Шишков: Во негова чест во Струмица се одржува Фестивал на камерен театар