На ова место сите мораат да носат пиштоли за да се одбранат: Еве како живеат луѓето во градот каде што цели 24 часа е темница

Луѓето кои живеат во овој норвешки град, навикнати се на тоа да не гледаат сонце од октомври до февруари. Нивниот начин на живот е многу специфичен и интересен.

Моментално е поларна ноќ во Лонгјербијен на Свалбард. Станува збор за природен феномен кој се појавува северно од арктичкиот круг и јужно од антарктичкиот круг, за време на кој сонцето не излегува над хоризонтот. Токму затоа, таму е целосна темница 24 часа дневно.

Периодот за време на кој не излегува сонцето зависи од географската положба на местото – на овој норвешки архипелаг во Арктичкиот Океан, поларната ноќ трае од октомври до почетокот на февруари.

Во јануари, ноќ е во девет часот наутро кога повеќе од 1800 жители тргнуваат на работа, ноќ е напладне кога ручаат, а и по 17 часот кога се враќаат дома. Небото само повремено е прошарано со прекрасната светлина аурора бореалис.

За да се одржи чувството на нормалност, домовите, улиците и работните места се осветлени со силни светла, а многумина користат и ламби за светлосна терапија. Тие ја имитираат сончевата светлина, го подобруваат расположението, концентрацијата, квалитетот на сонот и енергијата.

Поларна ноќ на Свалбард

Морате однапред да се подготвите за поларната ноќ. Најлесно би било да му се препуштите на моменталното чувство, да спиете цел ден и да не излегувате на студот – просечната јануарска температура во Лонгјербијен на островот Шпицбергерн е околу -6 степени

Наместо тоа, локалните жители уживаат во активности на отворено, како  што се одењето со снежни обувки (snowshoeing) и скијачко трчање. Многу луѓе одат и во локалната вежбалница за да останат во форма.

Една од нив е Сесилија Бломдал, која со својот партнер Кристофер и со кучето Грим, живее во околината на Лонгјербијен и го споделува својот живот на својот јутјуб-канал.

Таа им открила на гледачите на нејзиниот канал дека носењето огнено оружје е нешто сосема нормално во Лонгјебрбијен. Поради опасноста од напади на поларни мечки, сите мораат да бидат опремени со соодветни средства за одбрана.

Со оглед на тоа што ништо не расте ни во зима ни налето, целата храна се доставува со бродови и авиони и прилично е скапа. Секој месец трошат околу 1200 евра на храна.

Дознајте колку е мрачно за време на поларната ноќ на Свалбард во видеото на Сесилија во продолжение…