Тренд // Стил
На овој маж и мажите му симнуваат капа: Лени Кравиц на насловната од „Men's health“
- 07 Октомври, 2020
Сите се чудат како е можно овој човек да има 56 години и да изгледа вака... Па вака никој не изгледа на толку години, а тој како момче кое штотуку наполнило 25 години. Рокерот Лени Кравиц се соблече за насловната страница на ноемврискиот број на списанието „Men's health“ и предизвика лавина од коментари. Посебно мажите коментираа како е можно да биде ваков... Жените се разбира, му се воодушевуваа...
Во интервју за списанието Кравиц зборува за тоа како ги одржува своето здравје и кондиција, како успева да го задржи мирниот дух, особено во оваа вонредна ситуација...