На познатиот водител му останаа уште неколку месеци живот: Со потресна објава се прости од синовите
Познатиот британски водител, шармантниот Џони Ирвин кон крајот на минатата година откри дека боледува од рак на белите дробови, а сега дополнително ги растажи своите следбеници на социјалните мрежи објавувајќи слика со двајца наследници.
На крајот на минатата година, Џони Ирвин го шокираше светот со шокантното признание дека боледува од терминален карцином на белите дробови. Тој тогаш истакна дека му останале само уште неколку месеци живот, а сега со нова објава уште еднаш ги расплака сите.
Имено, Ирвин на својот Инстаграм профил сподели фотографија со двата сина, додека во описот на објавата додаде:
- Последното возење со Рекс до расадникот, стои во описот на фотографијата, на која го гледаме водителот како насмеано позира со двата сина.
И покрај тоа што неговите следбеници оваа објава ја протолкуваа дека тој повеќе нема да може да им се посвети на своите наследници поради болест, вистината е сосема поинаква. Имено, неговото постаро мало дете се сели во постарата група и отсега ќе оди во градинка.
Да потсетиме, Џони неодамна во интервју за магазинот „Hello“ откри дека ракот на белите дробови му се проширил на мозокот и дека се надева дека неговата приказна ќе ги поттикне и инспирира луѓето „да го искористат максимумот од секој ден“. Џони откри дека првиот симптом го почувствувал во август 2020 година кога видот ненадејно му се заматил додека возел.
„Во рок од една недела ми рекоа дека имам уште шест месеци живот. Морав да одам сам дома и да ѝ кажам на мојата сопруга, која во тоа време се грижеше за нашите новородени близнаци, дека ќе остане сама. Тоа беше поразително. Сè што можев да направам е да и се извинам. Се чувствувам одговорен за тоа што се случува“, ја започна својата приказна водителот.