На роденденот на внукот Цеца прозборе за Аркан и не можеше да се воздржи: Очите ѝ се наполнија со солзи
Светлана Цеца Ражнатовиќ синоќа го прослави првиот роденден на нејзиниот внук Жељко со синот Вељко и снаата Богдана и на овој одличен ден за своето семејство се сети на нејзиниот покоен сопруг.
Големата прослава по повод првиот роденден на малиот Жељко Ражнатовиќ синоќа ја организираа неговите родители Богдана и Вељко, но и неговата баба Цеца Ражнатовиќ, која не штедеше на ништо и па дури ни на емоции.
Таа синоќа на медиумите им откри дека Вељко е одличен татко и дека тој многу се грижи за неговиот син Жеjко, и по тој повод се сети на нејзиниот покоен сопруг Жеjко Ражнатовиќ Аркан, со кого го спореди нивниот син:
- Одлично се снајде во улогата на татко, тој е прекрасен татко - изјави пејачката.
- Тој е внимателен и посветен, тој е за стотка, не за десетка, туку за стотка. Неговиот татко беше ист, така што тоа е добар ген - со тага во очите рекла Цеца за „Србија Данас“.