На Шенон Доерти ѝ се врати ракот на дојка, болеста силно напредува, а таа е многу лошо
На светскиот ден на борбата против рак на дојка, омилената глумица на многумина и херој од детството Шенон Доерти или познатата Бренда од безвременската серија „Беверли Хилс“, објави дека ракот ѝ е вратен и тоа во 4-ти стадиум.
Низ солзи глумицата во утринско шоу ѝ соопшти на јавноста дека повторно се бори со болеста.
Во 2015 година за прв пат на Шенон ѝ беше дијагностициран рак на дојка.
Таа сподели дека се прашувала многупати зошто баш токму неа ѝ се случува тоа, зошто баш таа, но, пред се’ истакна дека најмногу се плаши за нејзината мајка и сопругот.
48-годишната актерка од моментот на дијагнозата до денес јавно зборува за болеста и предизвиците и проблемите со кои се соочила.
Во последните денови, таа објави објава на Инстаграм која ги вознемири нејзините следбеници.
- Дали некогаш сте почувствувале дека имате толку многу да кажете, а знаете дека нема да можете? - напиша актерката која, според блиски извори, секој ден е сѐ полошо.
Актерката, која обично споделува инспиративни цитати и фрази што ве покануваат да размислите за животот, го привлече вниманието на оваа содржина, што ги натера многу нејзини обожаватели да помислат дека нејзиното здравје можело да се влоши.
Во продолжение уште неколку нејзини изјави кои повеќе или помалку допреа до фановите кои ја следат:
„Не мислам дека треба да ги правите работите во вашиот живот различно, само затоа што вие сте актер“
„Детето во мене се’ уште не е уништено“
„Мора да продолжите да верувате во себе“
„Сите заслужуваат шанса на овој свет. Тоа во основа и јас го барам“
Ракот на дојка на светско ниво е најчест кај жените. Лекарите редовно апелираат да се прават редовни контроли кај своите матични лекари, или да се прави самоконтрола за да може рано да се дијагностицира и излечи оваа болест. Но и покрај напорите што се прават за да се постигне рана детекција и ефективен третман, околу 20% од пациентите со рак на дојката умираат од оваа болест.