На што трошат најмногу ПАРИ најбогатите ФУДБАЛЕРИ? Скапа облека, автомобили, но и ПОМОШ за оние на кои им е најпотребна

Најплатен играч во светот е Кристијано Роналдо кој заработува 31 милион евра по сезона, а потоа следува Герет Бејл, па Лионел Меси, а потоа Златан Ибрахимовиќ со 7 милиони евра по сезона.

Сега се поставува прашањето: кога имаш толку многу пари, како ги трошиш?

Вили, автомобили и луксузни стоки

Излегува дека фудбалерите сакаат куќи. Додека Нејмар Јуниор е сопственик на куќа во близина на палатата Версај, Давид де Хеа купи вила во Шпанија.

Покрај луксузните куќи, фудбалерите сакаат и луксузни автомобили. Така Мануел Нојер си купил автомобил кој чини над 101 илјада фунти, додека Марио Балотели вози автомобил вреден околу 172.019 фунти.

Богатството се троши и на накит, брендирана облека, а најмногу на луксузни часовници кои чинат цело богатство.

Се вели дека Златан Ибрахимовиќ црквата во Стокхолм ја нарекува свој имот. Тој има план една зграда да ја претвори во станови и со тоа да инвестира во својот пензиски фонд.

Се шпекулира дека фудбалерот Дидие Дрогба купил златен рудник од 52.343.530 фунти во обид паметно да ги вложи своите пари.

Вејн Руни сака тркачки коњи и на својата сопруга и подарил коњ од 103.187 фунти.

Но, не сите фудбалери мислат само на себе. Има и такви кои даваат големо богатство во добротворни цели. Еден од нив е Филфрид Заха кој донирал 10% од својата месечна заработка во добротворни цели.

Почна да донира од првата заработена плата како професионален фудбалер. Најголем дел од неговите донации одат во сиропиталишта.

И Кристијано Роналдо не е скржав. Напротив, тој важи за еден од најдобротворните фудбалери, а тоа го поткрепува и неговата голема донација од 89.000 фунти во 2013 година, која ја донира на Црвениот крст.

Во 2014 година кога неговиот тим ја освои Лигата на шампионите, Роналдо доби бонус од 450.000 фунти кои фудбалерот ги даде директно во добротворни цели.

Кога Индонезија ја погоди разорен земјотрес, Кристијано Роналдо реши лично да оди таму и да им помогне на луѓето бидејќи на вестите виде несреќно момче како седи среде урнатините, облечено во дрес на Кристијано Роналдо.

Има и приказна за едно момче кое се бореше со ракот во 2009 година. Роналдо го ставил семејството во хотел и една година платил за лекување на детето во приватен медицински центар. Момчето за жал почина во 2013 година.

Мохамед Салах е египетски професионален фудбалер кој е познат по основањето на фондација која финансиски помогнала околу 450 семејства.

Кога египетската економија минуваше низ тежок период, Мохамед донираше 234.000 фунти на владата. По терористичкиот напад во Каиро во 2019 година, во кој беше срушен Националниот институт за рак, Мохамед донирал 2,5 милиони фунти од свој џеб за поправка на Институтот.

Се чини дека зад раскошните животи на познатите фудбалери се крие топло срце.