На смртна постела Тито ја признал својата најголема грешка: Внукот на Броз ја откри најголемата тајна на СФРЈ!
фото: Filip Plavčić
Внукот на Тито, Јошка Броз, тврди дека неговиот дедо, харизматичен и контроверзен југословенски лидер, пред смрттаво 1974 година, изјавил дека погрешил што го променил Уставот и со тоа го олабави југословенскиот федерален систем.
Во телефонскиот разговор за француската новинска агенција „АФП“, 72-годишниот Јошка, кој гордо го носи името Јосип Броз, ги раскажа зборовите на неговиот дедо.
Јошка тврди дека пред крајот на животот, Тито му се доверил на него и ја признал „грешката“ дозволена со Уставот од 1974 година.
Човекот што ја создаде Југославија, се разбира, не беше сведок на крвавиот распад на земјата, но за време на неговиот живот сфати, тврди Јошко, дека семето на раздор се посеело со тој Устав.
- Од една држава, создадовме осум помали и сè се распадна, тоа е мојата најголема грешка - раскажува Јошка за зборовите на Тито - исповед што моќниот владетел не би го кажал во јавноста.
Со или без Уставот во 1974 година, многумина веруваат дека смртта на Тито е таа што го огласи смртното ѕвоно за земјата што ја подигна тој од пепелта на Втората светска војна.
Југославија, колаж на народи и религии, беше задржана од харизмата на нејзиниот владетел и неговиот репресивен апарат.
Додека некои го фалат Тито дека од Југославија направил една од најпросперитетните комунистички земји, критичарите упатуваат на затворање на политички дисиденти и репресивно задушување на историските судири меѓу различните етнички заедници кои се вратија уште посилни во 90-тите години.
Јошка, еден од шесте внуци, имаше можност да ја види другата страна на ликот на неговиот дедо. Иако беше државник познат по екстравагантни забави и висок животен стил, на Тито му се допаѓаа и едноставни работи, вели Јошка, син на Жарко Броз.
До своите тинејџерски денови, тој и неговата сестра Златица живееле со Тито во елитната област во Белград, Дедиње.
- Тој беше многу опуштен во кругот на семејството, сакаше риба и пилешко месо, две јадења што не можеше да ги ужива на официјалните вечери затоа што тие се јадат со прсти - се сеќава Јошко.
- Тој нè научи да живееме од нашата работа и да не го користиме презимето на семејството - вели Јошко, кој бил полицаец и сопственик на ресторани.
Тој сега е член на мала нео-комунистичка партија која ја основал и е убеден титоист.
Последниот пат кога го видел Тито било близу неговиот крај, во болнички кревет во Љубљана.
- Патував за Белград и кога пристигнав ја слушнав веста - рече Јошка за „АФП“.
Иако наследството на Тито сè уште е предмет на дебата, Јопка жестоко го брани Тито и тврди дека им овозможило удобен живот на луѓето во социјализмот, иако тој морал да зима заеми за да ги покрие трошоците.
- Имавме реална држава, бесплатни училишта и здравствена заштита, мир ... Сè што денес немаме- тврди Јошка.
Но, историчарот од Белград, Чедомир Антиќ, потенцира дека политичкото наследство на Тито не го положило тестот на времето.
Од трите столба на Титоизмот, објаснува Антиќ, „братството“ меѓу југословенските народи и економскиот модел на работничката самоуправа се мошти од минатото.
Третиот столб - глобалното Движење на неврзаните, избледе и ја изгуби својата важност.
- Самоуправувањето не успеа додека Тито беше сè уште жив, Движењето на неврзаните нема смисла затоа што биполарниот свет исчезна, а братството исчезна во крвавите војни - оцени Антиќ.
извор: espreso.rs