На страдањето му дојде крај: Беше неписмен до 12-години, сега ја промовира својата прва книга
Мети Камбери им стана познат на луѓето како млад човек од Ниш кој беше неписмен сè додека не наполни 12 години, но многу наскоро неговиот живот се смени, а овој скромен човек тргна по сосема поинаков пат.
Мети ја објави својата прва книга „Град на болка“ пред неколку месеци, а сега, по кризната состојба предизвикана од коронавирусот, секој што не успеа да ја добие пред вонредна состојба, може да ужива во второто издание на ова дело.
Мети не ја крие својата возбуда, па во некои моменти тој не е ни свесен за реалноста.
Неговата автобиографска книга содржи и измислени делови, но и приказната за тешко детство и растење во болка и страдање.
Како што истакнува, тој верува дека вреди да се обрне внимание на книгата, затоа што тој ја напишал во најлош период од неговиот живот, а многу родители и деца можат да учат од тоа.
ВИДЕО:
извор:informer.rs