Воведуваат такси без возач: Првиот европски град што се осмели да го направи ова

Автономните возила се на пат кон Лондон и би можеле да се појават на улиците во наредните недели, но прво треба да ги добијат сите потребни дозволи.
Такси без возачи би можеле да се појават на улиците на Лондон од следната година, објави такси службата „Вејмо“.
Ваквите автономни возила веќе станаа вообичаени во Сан Франциско, а неодамна и во Токио.
Лондон, познат по своите црни такси, би можел да стане првиот европски град што ќе воведе такси без возач.
Стив Мекнамара, генерален секретар на Здружението на таксисти, кое ги претставува возачите во Лондон, рече дека не е загрижен.
„Во моментов не се грижам за ништо, можеби ќе има нешто за што да се грижиме за 25 години. Тоа е новина, решение што не ни треба. Кому му треба такси без возач?“, праша Мекнамара.
Според неговото мислење, Лондончани нема да имаат доверба во ваквите такси, а особено нема да пуштаат деца во такви автомобили.
Од друга страна, компанијата „Вејмо“ изјави дека тие обезбедуваат стотици илјади возења секоја недела во САД. Во мај објавија дека се завршени 10 милиони автономни возења.
„Овој раст ја покажува љубовта и довербата што ја ужива нашата услуга кај растечкиот број патници. Возбудени сме што им ја носиме сигурноста, безбедноста и магијата на „Вејма“ на Лондончани“, се додава во соопштението.
Како што наведоа, автономните возила се на пат кон Лондон и во наредните недели би можеле да бидат на улиците, но со „безбедносни возачи“ зад воланот.
За време на овој потфат, компанијата ќе соработува со државните и градските сообраќајни служби за да ги добие потребните дозволи. Доколку сè оди според планот, првите автономни возења би можеле да се извршат веќе следната година.
Откако Waymo вози во САД, имаше неколку инциденти.
Во септември, автономно такси изврши полукружно свртување каде што беше забрането, пред полициско возило.
„Бидејќи немаше возач, не беше можно да се издаде казна. Не можеме да издаваме казни за роботи“, соопшти полицијата во Сан Бруно.
Исто така, еден патник се пожали дека за малку ќе го пропуштил летот бидејќи неговото автономно такси постојано кружеше околу паркингот.
Компанијата „Waymo“ мораше да испрати неколку возила на сервис минатата година бидејќи станарите се пожалија дека постојано свират со сирените.
РММ/ИС --ФОТО Unsplash DharmpratapSingh Vaghela