На тајна церемонија: Борис Џонсон се ожени, невестата без превез
„Би-би-си“ го потенцира и фактот дека по безмалку 200 години, Џонсон стана првиот премиер кој се оженил за време на мандатот. Последниот премиер кој се венчал додека бил на функција бил Лорд Ливерпул.
Британскиот премиер Борис Џонсон се ожени со својата свршеница Кери Симондс во саботата на тајна церемонија во катедралата Вестминстер.
Премиерот и неговата невеста планираат венчавка веќе шест месеци, според „Сан“.
Само неколку црковни службеници учествуваа во подготовките, а во последен момент беа поканети 30 гости.
Борис (56) и Кери (33) решија да „застанат на лудиот камен“ во главната лондонска катедрала, оддалечена само 2,4 километри од Даунинг стрит.
Непосредно по 13:30 часот, вработените одеднаш им соопштија на посетителите на црквата во византиски стил дека зградата се затвора.
Половина час подоцна, лимузината што ја превезуваше невестата пристигна на плоштадот пред главната западна врата, на само 300 метри од сообраќајната станица Викторија.
Невестата се определила за долг, бел фустан, но не носела превез, се наведува во весникот. Џонсон и Симондс во февруари 2020 година објавија дека се вериле. Тие имаат едногодишен син Вилфред. Само пред неколку дена, парот испрати покани до семејството и пријателите на кои го напишаа датумот 30 јули 2022 година.
Извор: Стил.курир
Getty Images