На заболекар како на хирургија: Целосна заштита од коронавирусот
Медицинските
работници веќе е познато дека се први на удар од коронавирусот. Токму тие се
оние кои постојано имаат контакт со пациенти, а вирусот е невидлив и нема
правила на заразување. Ама затоа постои заштита. Некаде и 100 процентна. Со
таквата заштитна опрема, скоро и да не постојат шанси за страв. И сите треба да
го применуваат тоа.
За стоматолозите се вели дека се најизложени на вирусот. Имаат директна „комуникација„ со капки од устата, еден од начините преку кои се пренесува коронавирусот. Меѓутоа, со вистински мерки правилно насочени, не постои ризик. Свеста на докторите е голема, тие знаат како треба, но и ние треба да знаеме!
Стоматологот Д-р. Жикица Ѓорѓиевски вели дека заштитата е клучна при работата. Во неговата Поликлиника се почитуваат максимално мерките, а на тој начин и тој може да работи уште по професионално. Докторот инаку е минатотогодинешен добитник на наградата 13 Ноември на Град Скопје за континуирана поддршка на лицата од социјален ризик. Токму нив, бесплатно им ги нуди своите стоматолошки услуги дури и во овие времиња.
Н.Т.