Надал се повлече поради повреда, одлуката беше тешка...

Рафаел Надал објави дека се повлекува од полуфиналната пресметка со Ник Кирјос, причината е повреда, односно „скинат стомачен мускул“.

Шпанецот пред новинарите ја објасни целата ситуација, поради која нема да оди на трета титула на Вимблдон.

„Долго размислував што да направам, но нема нормална ситуација по која можам да продолжам, повредата може само да се влоши. Ја донесов оваа тешка одлука поради тоа што сметам дека во ваква ситуација не можам да победам. Одлуката беше тешка и навистина сум многу сум тажен.“ изјави Надал.