Надал со сериозни проблеми, повредите ме мачат, желбата за игра е се помала

Шпанецот Рафаел Надал има сериозни проблеми со повредите, брзата елиминација на Мастерсот во Рим, загуби од  Денис Шаповалов, го вклучи алармот пред Ролан Гарос. 

Надал потврди дека има повреда, а станува збор за проблеми со стапалото.

„Повторно имам болки во стапалото, долго имам повреди, едноставно живеам со тоа, не е никакво оправдување за поразот, честитки за  Денис. Повредите ми ја намалуваат желбата за игра, ме мачат, не е лесно“, рече Надал.