Најчудните птици во светот: Едната ја менува бојата на главата, другата се нарекува смрдлива, а сино-ногата изгледа надреално (ФОТО)
Птиците ги населуваат сите континенти и сите екосистеми на нашата планета. Постојат околу 10.000 различни видови птици, а се проценува дека околу 50 милијарди членови на оваа група животни живеат на Земјата, што е шест пати повеќе од бројот на луѓе.
Погледнете неколку од најчудните и најслатките птици од целиот свет во галеријата.
ЗЛАТЕН ФЕЗАН
Фото: SHUTTERSTOCK
Мажјаците од златниот или кинескиот фазан (Chrysolophus pictus) се украсени со раскошни пердуви во светли нијанси на жолта, портокалова, црвена, зелена и сина боја. Спротивно на тоа, женките се кафеави и незабележителни, пред се поради маскирање за време на периодот на одгледување.
АНДИСКИ КОНДОР
Фото: SHUTTERSTOCK
Познатиот андиски кондор (Vultur gryphus) е симбол на многу јужноамерикански земји во чии култури зазема почесно место. Овој месојад е претежно црн, со бели пердуви на делови од крилјата и околу вратот. Главата му е без пердуви, црвеникава боја, чиј тон се менува во зависност од расположениетона птицата.
СЕВЕРЕН КАЗУАР
Фото: SHUTTERSTOCK
Овој вид се смета за една од најопасните птици во светот. Северниот казаур (Casuarius unappendiculatus) е птица која не лета, а мажјаците достигнуваат висина од 1,65 метри и тежина од 50 килограми. Женките се дури и повисоки и често тежат дури 75 килограми. Сепак, тие изгледаат многу помали отколку што навистина се затоа што одат свиткани, со 'рбетот паралелено со земјата. Фото: ШатерстокТУРАКО ЛИВИНГСТОН
Фото: SHUTTERSTOCK
Овој симпатичен вид не го добил своето име според познатиот истражувач Дејвид Ливингстон, туку од неговиот брат Чарлс. Tauraco livingstonii ги населува југоисточните делови на Африка. Фото: ШатерстокПИЦАТА СО СИНИ НОЗЕ
Фото: SHUTTERSTOCK
Како што сугерира неговото име, синоногата птица (Sula nebouxii) е необична морска птица со сини нозе што се населува во тропските области на Латинска Америка. Сината боја на нозете доаѓа од пигментот каротеноид што го внесува преку свежата риба со која се храни. Интензитетот на бојата укажува на исхраната и здравјето на поединецот.ХОАЦИН
Фото: SHUTTERSTOCK
Хоацин (Opisthocomus hoazin) живее во мочуриштата на Амазон. Оваа птица се нарекува и смрдлива птица бидејќи се карактеризира со непријатен мирис што се јавува како резултат на ферментација на храната во нејзиниот дигестивен систем. Хоацин е национална птица во Гвајана. Фото: Шатерсток