Најдобриот фит дедо: Како момче од 18 години, а има 67
Мајк Милен од Кент, поради својот изглед на 67-годишна возраст, го доби прекарот најдобриот фит дедо во Велика Британија!
Тој има повеќе од 11.000 следбеници на Инстаграм, кои уживаат да ги гледаат неговите фотографии и видеа каде што тренира.
Извајаното тело на Мајк, не изгледа толку добро случајно - тој е личен тренер и го прави тоа веќе 20 години, вежба шест пати неделно и вели дека „најдобрата теретана на светот - природата“ е одговорна за неговиот изглед.
Мајк работи и како модел, а тренира пливајќи во студено езеро, пешачење или трчање по плажите. Тој исто така вели дека веќе четири години се тушира со ладна вода во дворот секоја вечер, иако неговото семејство смета дека е чудно.
"Тренирањето на отворено има толку многу добри страни затоа што сме во природа. Не само што е добро за нашето тело, туку и за умот и душата. Фитнесот е важен за мене затоа што ми даде квалитетен живот и продолжува да ми дава секој ден“, вели Мајк.
За туширањето со ладна вода надвор, без оглед дали е лето или зима, Мајк вели дека е одлично за имунитет.
"Верувам дека има многу добри страни, вклучувајќи благосостојба, подобар имунитет, подобар сон и може да помогне да се има позитивен став. Ми помогна да се променам", тврди тој.
Покрај вежбањето, Мајк се грижи и за својата диета, но вели дека неговата диета не е комплицирана, туку само добро балансирана - тој внесува добри масти и не консумира преработена храна.
„Конзистентноста е клучна“, вели тој.
Супердедото вели дека не крева голема тежина и прави кардио тренинзи секој втор ден. „Освен вежбање во теретана или дома со тренинг преку Интернет, моите тренинзи може да се изведуваат надвор и секогаш се забавни“, вели тој.
За оние кои сè уште не започнале да вежбаат, Мајк вели дека никогаш не е доцна.
"Без оглед на тоа колку години имате и колку сте физички подготвени, постои соодветна програма за секого. Која програма и да ја изберете, тоа ќе го подобри вашиот квалитет на живот, а тоа е најважното нешто. Предлагам да започнете да пешачите. Бесплатно е, не ви треба специјална опрема, плус дишете свеж воздух “.
извор: informer.rs