Најефикасните тимови во Европа лигата, Ајнтрахт и Глазгов Ренџерс во борба за трофејот
Ајнтрахт тим на патот до финалето ја елиминира Барселона, додека Ренџерс беше подобар од две германски екипи.
Глазгов Ренџерс и Ајнтрахт Франкфурт вечерва од 21 часот, играат за трофејот во Европа лигата, финалистите мечот го играат на стадионот „Рамон Санчез Пицхуан“ во Севиља.
Овие две екипи се најефикасни во Европа Лигата, Ајнтрахт со 20, додека Глазгов со 22 гола, тоа ветува убаво и ефикасно финале.
Трофеите не им се непознати на двата клуба, Ренџерс во 1972 година победи во Купот на победниците на купови (КПК), клубот од Германија, Ајнтрахт Франкфурт во 1980 година триумфира во Купот на УЕФА.
Се очекува „инвазија“ на навивачите од Шкотска и Германија, навивачите на Ренџерс во Севиља се очекува да ги има над 50.000, но само 10.000 ќе бидат на трибините, останатите ќе го следат натпреварот во баровите и на плоштадот во Севиља.
Победникот во финалето ќе добие две награди, пласман во Лигата на шампионите следната сезона, и 8,6 милиони евра.