Живот // Живот
Најголемиот херој на белградскиот маратон: Дедо на 90 години им зададе домашна задача на младите, сите му аплаудираа
Среќна сцена од улиците во Белград...
Изминатиот викенд во Белград се одржа 37-то издание на Comtrade Belgrade Marathon, каде имаше вистински спектакл и феноменални фотографии од улиците на главниот град.
Една од сцените што го воодушеви Балканот е тоа што инфлуенсерката Нела Бунчиќ истрча во бремена состојба со видлив стомак.
Во еден момент налетала на дедо Влада кој има 90 години и кој трчал со уште илјадници натпреварувачи.
Познатата српска инфлуенсерка застана кога наиде на 90-годишниот Влада, кој им дал домашна задача на многу млади момчиња, особено на оние кои не водат здрав начин на живот и кои „мразат да тренираат“.
Влада ги воодушеви сите што минуваа покрај него и му аплаудираат.
Фото: Принтскрин/ ИнстаграмИзвор: Telegraf.rs